Кошаркарот на Портланд донираше 125 тони храна за загрозените во БиХ
Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус.
Центарот на Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ донираше дури 125 тони на луѓето на кои им е потребна помош во неговата татковина.
Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус.
– Јусуф помогна во разни хуманитарни активности во последните години и секогаш инсистираше на анонимност – се вели во изјавата на организацијата.
Оттаму додаваат и дека се надеваат дека по оваа помош кошаркарот ќе добие поголема поддршка од пошироката јавност.