Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027.
Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“.
Вајли со 28 поени беше прв стрелец во составот на Македонија, двоцифрени беа и Митревски и Мекиќ со по 10 поени.
Шанса за прва победа избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе бараат следниот меч на гостувањето во Унгарија.