КОС НАЈАВИ МНОГУ ВАЖНИ ОДЛУКИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Што ќе се случи во наредните месеци?

Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија, за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент, напиша европската комесарка за проширување Марта Кос на платформата Икс.

209

Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширувањето на Европска Унија.

„Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да изградиме посилна и пообединета Унија, за да ги зачуваме мирот, слободата и безбедноста на нашиот континент“, напиша Кос на платформата Икс.






Таа додаде дека ќе разговара со полскиот министер за ЕУ Адам Шлапко и со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски како брзо и ефикасно да се унапреди процесот.

Поврзани содржини