КОРУПЦИЈАТА ОДНЕЛА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Зошто никој не е во затвор и каде завршија парите? прашува ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата обвинуваат дека и покрај тоа што Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи ништо не направил за да спречи овие пари да не завршат во приватни џебови. 

395

Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека и покрај тоа што Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи ништо не направил за да спречи овие пари да не завршат во приватни џебови.

„Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано. Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта. МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската Управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост. Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?“, се наведува во реакцијата

Оттаму додаваат дека не се тие кои говорат за криминалот на власта, туку тоа го кажуваат меѓународни институции и агенции.

 





Поврзани содржини