Кортни Кокс ја повтори незаборавната сцена од „Пријатели“, танц со мисирка на главата ВИДЕО

434

Обожавателите на хит-серијата „Пријатели“ сигурно добро се сеќаваат на една од најинтересните сцени од серијата, онаа во која Моника, за да го развесели Чендлер, ја става мисирката на главата и танцува.

Сега се пресетила на тоа и актерката која го отелотворуваше ликот на Моника, Кортни Кокс, и реши повторно да ја одглуми 22 години подоцна. Да, со мисирката на главата. За празникот „Денот на благодарноста“.






„Се чувствувам многу благодарна. Но, ако видам мој GIF со мисирка на главата како танцувам како будала, ќе пукнам“, се пошегува Кокс на видеото.

Потоа, таа ги изненадила обожавателите и повторно ја ставила мисирката на главата и танцувала.

„Со оглед на тоа дека станав симбол на Денот на благодарноста, еве ви, се надевам дека ќе ве усреќи“, рекла таа.

Видеото за речиси еден ден доби скоро четири и пол милиони прегледи, а обожавателите ѝ напишаа дека со оваа ги насмеала.

„Го направи тоа“, меѓу првите ѝ напиша Лиза Кудроу, која ја играше Фиби во „Пријатели“.

„Те сакам, сестро“, прокоментира актерката Рис Витерспун.

Дури и Дејвид Бекам се јави.

„Ова ми го разубави денот“, напиша тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Поврзани содржини