КОРТНИ КАРДАШИЈАН СЕ СВРШИ Срце од црвени рози и огромен дијамант на раката (ФОТО)
Кортни и Тревис се само неколку месеци во врска, но судејќи според фотографиите, тие изгледаат многу вљубено и сериозно во својот однос.
За врската помеѓу ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, тапанарот на групата „Блинк 182“, се дозна во февруари годинава, а музичарот сега ја запроси, по само неколку месеци љубов.
Тревис клекнал и ја запросил Кортни во романтичен амбиент, на плажата пред хотелот во Монтесито, а таа пресреќно изговорила „да“. И двајцата се пофалија со фотографии на социјалните мрежи.
„Засекогаш, Тревис Баркер“, напишала 42-годишната ријалити sвезда во описот на нивните заеднички фотографии на кои се бакнуваат на плажа, а околу нив е направено срце од бројни рози и поставени се романтични свеќи.
Веднаш потоа следеле бројни честитки, а Ким Кардашијан објави и видео од пресреќниот пар, на кое се гледа огромен дијамантски прстен во преден план. Освен Ким, на нивната свршувачка присуствувала и другите сестри, Кајли и Кендал Џенер, Клои Кардашијан и нејзиниот партнер Тристан Томпсон, како и нивната мајка Крис Џенер, но и децата на Тревис од претходниот брак – Лендон, Алабама и Атијана.
– Кортни беше многу изненадена кога ги виде Клои и Тристан. Тревис ја одведе на плажа, каде што веќе беше поставена декорација од црвени рози и свеќи, а сѐ изгледаше многу романтично. Видов насмевка од уво до уво на нејзиното лице и таа ја покри устата со двете раце бидејќи беше изненадена кога ја запроси. Семејството славеше со нив, а потоа сите се вратија во хотелот – раскажал извор близок до парот за „E! Њуз“. Тој додал дека Кортни плачела и дека постојано повторувала „те сакам“.
Овој брак ќе биде прв за ријалити sвездата, а трет за Тревис.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм