КОРТНИ КАРДАШИЈАН СЕ ОМАЖИ ПО ВТОРПАТ Славните сестри не присуствуваа на венчавката (ФОТО)
Парот ги изненади сите со „пијаната“ свадба во Лас Вегас, по што беше најавен голем спектакл во Италија закажан за ова лето.
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан повторно се омажи за тапанарот Тревис Баркер, а ова е втор од планираните три пати!
Парот ги изненади сите со „пијаната“ свадба во Лас Вегас, по што беше најавен голем спектакл во Италија закажан за ова лето.
Кортни (42) и Тревис (46) отишле во неделата и уште еднаш се венчале во општината во Санта Барбара. Кортни носела бел фустан, а Тревис црн костум. Друштво им правеле нејзината баба и неговиот татко, додека познатите сестри на Кортни – Клои, Ким, Кајли и Кендал не биле на повидок.
View this post on Instagram
Ова е прв брак на Кортни Кардашијан, која има три деца од врската со Скот Дисик, а претходно изјави дека би сакала со Тревис да има најмалку едно дете. Тапанарот Тревис од бракот со Шена Муклер има две деца.
Кортни го започна и процесот на ин витро и неодамна зборуваше за тоа колку е тешко, но не губи надеж дека ќе добие четврто дете.
Кортни неодамна беше во центарот на вниманието бидејќи ја осудуваа дека се здебелила, а таа тогаш рече дека има проблем со хормоните, како и дека се бори со депресија.
– Сите пишуваат дека сум бремена и дека сум се здебелила, а толку е непристојно да ги коментираш луѓето кога не знаеш низ што поминуваат. Поради лековите што ги земам, буквално сум во менопауза. Телото ми згасна. Нерасположена сум и депресивна, не се чувствувам добро – искрено рекла Кортни Кардашијан.