Коронавирусот стави клуч на моловите, обложувалниците, казината, кафитериите
Забранет е влез на патници од високоризичните земји и земји со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација, освен влегување на посебни лица во земјата по посебно мислење, информира министерот Филипче.
Со седење дома само се помага, да се стави рампа на ширењето на вирусот. Ние сме во фаза во која не знаеме што можеме да очекуваме. добро е што имаме само едно место за локално ширење. Очекиуваме вирусот да го има во Европа на крајот на мар и почетокот на април , рече на вечерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека владата одлучила да се затворат сите продавници во моловите во целата земја , освен аптеките, продавниците за храна и супермаркетите .
– Другите продавници да вршат продажба по алтернативни патишта. Се забранува целосно работата на обложувалници, кафетерии, барови казина клубови. Сите угостителски обејкти кои продаваат храна можат да работат без посета на гости, туку да вршат достава надвор од угостителскиот обејкт и преку порачка.. да забрани забрани влез на патници кои доаѓаат од високоризичните земји и земји со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација, освен влегување на посебни лица во земјата по посебно мислење – рече Филипче.
Одлучено е да се затвори аеродромот во Охрид за 48 часа за да имаат време авиокомпаниите да ги откажат летовите.
– Забранет е влез на патници од високоризичните земји и земји со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација, освен влегување на посебни лица во земјата по посебно мислење – рече Филипче.
На нашите граѓани кои доаѓаат од странство министерството за здравство ќе му издаде писмена наредба за самоизолација и ќе треба да потпишат изјава дека ја прифаќаат.