Коронавирусот се заканува на ОИ во Токио: Еден олимпиец позитивен на корона

Сега спортистот ќе мора да помине низ карантин од 14 дена. Спортот и земјата не се наведени.

197

Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио објави дека странски спортист кој дошол во Јапонија да се натпреварува на Олимписките игри бил позитивен на коронавирусот.

Сега спортистот ќе мора да помине низ карантин од 14 дена. Спортот и земјата не се наведени.






Забележано е дека ова лице сè уште не го посетило олимпиското село, но ова е прв случај на позитивен тест за ковид-19 меѓу спортистите кои треба да бидат сместени таму.

Олимписките игри во Токио 2020, одложени за една година поради пандемијата на коронавирусите, ќе се одржат од 23 јули до 8 август оваа година.

Поврзани содржини