Коронавирусот повторно се појави во Вухан, во смрзнато месо

2,975

Комисијата за здравство во Вухан објави дека открила коронавирус на амбалажата од бразилско говедско месо, откако тестирањето на замрзната храна било одобрено низ цела Кина.

Комисијата додава дека коронавирусот е пронајден на обвивката со три пакувања говедско месо, објави Ројтерс.






Говедското месо пристигнало во Кина, во пристаништето Кингдао на 7 август, а во Вухан пристигнало на 17 август, каде што било до неодамна во фрижидер.

Кинезите претходно пронајдоа корона на пакувањата на говедско од Аргентина, соопштија властите на Шангдонг.

Токму Бразил и Аргентина се најголеми извозници на говедско месо во Кина.

Поврзани содржини