КОРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ 14 ЖИВОТИ ДЕНЕСКА 999 се новозаразени, тестирани 7.245
Пријавени се 14 починати лица: по 5 починати лица од Скопје (59,74,77,79 и 84) и Тетово (61,64,75,76 и 78), 2 лица од Гостивар (57 и 58) и по едно лице од Куманово (80) и Кичево (57). Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на ковид-19. Починати се 14 пациенти.
Скопје има 325, Тетово 184, Гостивар 132, Куманово 79, Кичево 50, Струмица 42, Струга 33, Охрид 20, Битола, Кочани и Берово по 15, Прилеп 14, Кавадарци и Ресен по 10, Штип и Радовиш по 8, Велес 7, Делчево и Валандово по 6, Кратово и Македонски Брод по 5, Дебар 4, Крива Паланка и Демир Хисар по 2, Гевгелија и Свети Николе по 1.
Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2, Велелс и Свети Николе – по 1.
Направени се 7.245 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–127, ЦЈЗ Куманово–107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-394, Биотек-487, Систина-109, лабораторија Лаор-574, Синлаб-76, Ремедика-26, Плодност–92, Генеа -4, Никоб лаб-770, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-87, Ројал Медика – 83, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.461.
Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.