Коронавирусот во Македонија ќе исчезне на 16 јуни, покажува студија на универзитет во Сингапур

2,328

Епидемијата на коронавирус во Македонија ќе заврши на 16 јуни, покажува проекција на научна студија на Универзитетот за технологија и дизајн во Сингапур.

Во анализата спроведена во глобални рамки, нивната лабораторија за проучување податоци проектира дека ковид-19 на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година, по што се очекува да стивне. За Македонија, се предвидува 99 отсто вирусот да исчезне до 22 мај, а во целост, ковид-19 на територијата на нашата држава да го снема до 16 јуни.






Кај нашите соседи и во земјите од регионот, од коронавирусот најбрзо ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е еден ден пред Македонија – 15 јуни.

Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули. Според ова сценарио, најдолго со ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е посочен 7 октомври.

Во анализата, сепак, се предупредува дека нејзината содржина е наменета за научни и истражувачки цели и дека е подложна на грешки.

Поврзани содржини