Коронавирусот ни „тече“ во гените?

Вирусите се едноставни суштества кои имаат една цел: да направат повеќе копии од самите себеси, но нивната едноставна биолошка структура значи дека тие не можат да се репродуцираат самостојно.

663

Коронавирусот можеби се проширил во Источна Азија пред повеќе од 20.000 години, оставајќи траги во ДНК на луѓето во модерна Кина, Јапонија и во Виетнам. Истражувањето објавено во „Карент Бајолоџи“, откри докази за генетска адаптација кон семејството на коронавирусите во 42 гени кај современите популации во овие региони.

Пандемијата со коронавирусот досега е одговорна за повеќе од 3,8 милиони смртни случаи и милијарди долари економски загуби ширум светот. Семејството коронавируси вклучува и сродни вируси МЕРС и САРС, кои во последните 20 години предизвикаа фатални епидемии, пренесува Светскиот економски форум (WEF).






Само во 20 век имало три варијанти на вирусот кои усмртија милиони луѓе: шпански грип од 1918 до 2020 година, азиски грип од 1957 до 1958 година и грип од Хонг Конг од 1968 до 1969 година.

Како и многу други еколошки предизвици, така и со овие древни вируси, нашите предци успеале да се изборат и да се адаптираат, а овие адаптации можеби предизвикале имунолошки и физиолошки промени кои ја подобриле отпорноста на инфекција или ги намалиле здравствените ефекти на болеста.

Во текот на изминатите неколку децении, генетичарите смислиле моќни статички алатки за да откријат генетски траги од историјата, кои остануваат присутни во геномите на луѓето кои живеат денес. Овие алатки им овозможија на научниците, меѓудругото, да откријат гени што означуваат адаптации за живот на голема надморска височина и консумирање млеко за возрасни.

Тимот на Светскиот економски форум бил љубопитен да види дали историските средби со коронавирусот оставиле некакви траги во денешната популација. Покрај откривањето на историските епидемии на коронавирусот, овие информации можат да имаат и нови согледувања во генетската основа на коронавирусот и како тие вируси предизвикуваат заболувања кај современите луѓе.

Вирусите се едноставни суштества кои имаат една цел: да направат повеќе копии од самите себеси, но нивната едноставна биолошка структура значи дека тие не можат да се репродуцираат самостојно.

Наместо тоа, тие мора да ги нападнат клетките на другите организми. Вирусните инвазии вклучуваат врзување и интеракција со спесифични протеини произведени од клетката домаќин, кои се нарекуваат протеини за вирусна интеракција (ВИП).

Тимот применил најсовремена компјутерска анализа на гените на повеќе од 2.500 луѓе од 26 популации ширум светот, а пронајдоа потписи за адаптација во 42 различни човечки гени.

Овие ВИП сигнали биле присутни само во 5 популации, а сите биле од Источна Азија, кои се најверојатно предците на коронавирусот. Ова сугерира дека предците биле изложени на коронавируси пред 25.000 години.

Понатамошните студии откриле дека овие гени се главно изразени во белите дробови, а тие се најпогодени од симптомите на корона. Исто така, потврдиле дека ВИП директно комуницира со вирусот САРС-КоВ-2, кој е одговорен за моменталната пандемија.

Други независни студии, исто така покажале дека мутациите во ВИП гените можат да влијаат на чувствителноста на САРС-КоВ-2 и сериозноста на симптомите. Покрај тоа, неколку ВИП гени во моментов се користат како лекови за третман на ковид-19 или се дел од клиничките испитувања.

Откривајќи гени кои биле погодени од историски вирусни напади, студијата дава ветување за еволутивна генетска анализа, како нова алатка против идните епидемии, пренесува „Курир.рс“.

Поврзани содржини