КОРОНАВИРУСОТ НЕ ЗАПИРА Починаа 18 лица од ковид-19, а 389 лица се водат како новозаболени

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.

769

Според денешната ковид-статистика во земјава се регистрирани 389 новозаболени лица со ковид-19, битката со вирусот ја загубиле 18 лица, додека како оздравени се водат 317 пациенти.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 од кои Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.






Според информациите регистрирани сe 317 оздравени пациенти од Скопје – 126,Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани – по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар – по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево – по 3, Валандово и Богданци – по 2, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: седум починати лица од Скопје (92, 90, 88, 76, 72, 70 и 35), по две починати лица од Валандово (70 и 64), Кавадарци (74 и 71), Крива Паланка (88 и 78), и по едно починато лице од Куманово (62), Струмица (78), Свети Николе (86), Велес (66) и Тетово (49). Одпријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени дополнителни починати лица.

Направени се 2.633 тестови преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295,Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-96, Биотек-172, Систина-33, лабораторија Лаор-139, Синлаб-3, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-8, Никоб лаб-181, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-25, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.

Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.

Поврзани содржини