Коронавирусот може да се шири и преку банкноти

Многу бизниси ширум светот забранија плаќање со готовина, а владите преземаат понатамошни активности.

323

Новиот коронавирус може извесно време да преживее на банкноти, но експертите велат дека ризикот да се зарази преку банкнотите е помал од ширењето на инфекцијата од личност до личност, објави „Асошиејтед Прес“.

Многу бизниси ширум светот забранија плаќање со готовина, а владите преземаат понатамошни активности.






Секогаш кога е можно, користете бесконтактно плаќања, како набавка на стоки и услуги преку Интернет или преку телефон, како што советуваат американските центри за контрола и спречување на болести.

Ако треба да платите во готово или со банкарска картичка, агенцијата препорачува веднаш да ги дезинфицирате рацете.

Една студија во март откри дека вирусот може да преживее на картон и до 24 часа, но не е направена студија за тоа колку долго преживува на банкнотите.

Ризикот не исчезнува со употребата на банкарска картичка. Студијата откри дека вирусот може да преживее на пластика и до три дена, иако во студијата нема докази дека некој се заразил од контакт со загадени површини.

Поврзани содржини