Коронавирусот може да предизвика нагло губење на видот

Лекарот Орхан Атес, професор на Медицинскиот факултет на турскиот Универзитет Ататурк во источната провинција Ерзурум, изјавил за Анадолија дека примиле неколку млади пациенти со ковид-19 со ненадејно губење на видот.

334

Коронавирусот може да предизвика губење на видот поради запушување на вената на мрежницата, изјавил турски медицински експерт, јавува Анадолија.

Лекарот Орхан Атес, професор на Медицинскиот факултет на турскиот Универзитет Ататурк во источната провинција Ерзурум, изјавил за Анадолија дека примиле неколку млади пациенти со ковид-19 со ненадејно губење на видот.






– По прегледот и тестовите утврдивме дека губењето на видот е предизвикано од запушување на вената на мрежницата поврзано со ковид-19. Со медицинска терапија, применивме хипербарна терапија со кислород за лечење на тие пациенти. Како резултат на третманот кај пациентите санирана е речиси целата штета која ковид-19 ја нанел на мрежницата, а нивото на видот се нормализира – вели Атес, кој е и заменик на главниот лекар на универзитетската истражувачка болница.

Тој навел дека тие случаи се важни и поради локалното влијание на окото, заедно со системските несакани ефекти на болеста.

– Го поделивме сознанието со светските научни кругови дека ковид-19 може да предизвика запушување на вената на мрежницата, како и начинот на кој може да се лекува – вели Атес.

Поврзани содржини