Коронавирусот им го скрати животот на луѓето во просек за 13 години

Студијата е заснована на истражувањата на болните во Италија и лизгачката скалата која ја осмислила Светската здравствена организација, која се користи за пресметување на тоа колку години губат луѓето поради болести.

2,160

Според резултатите на новата студија, мажите кои умреле од ковид-19 можеле да живеат уште најмалку 13 години, додека жените би можеле да живеат уште 11 години, пренесува Дејли Меил.

Оваа болест е погубна за болните од срце кои се најбројни во ризичната група на луѓе над 65 години.






Податоци на британската Национална служба за статистика

Студијата ја спровел Институтот за јавно здравје во Шкотска и експерти од Универзитетот во Глазгов и во Единбург. Податоците на британската Национална служба за статистика покажуваат дека повеќето луѓе кои починале од коронавирусот имале помеѓу 75 и 84 години.

Шкотското истражување тврди дека многу од нив можеле да очекуваат години или деценија повеќе живот ако не се заразеле со вирусот. Тоа се однесува дури и на жртвите на вирусот кои страдале од хронични болести.

Студијата е заснована на истражувањата на болните во Италија и лизгачката скалата која ја осмислила Светската здравствена организација, која се користи за пресметување на тоа колку години губат луѓето поради болести.

Проучувајки ја возраста на луѓето кои починале од коронавирусот, шкотските научници откриле дека мажите во просек изгубиле 13 години живот, додека жените изгубиле 11 години живот, дури и кога се земаат предвид и нивните постоечки здравствени проблеми.

14 години изгубен живот

Во Англија и во Велс најчеста возраст во која луѓето умирале од коронавирусот била помеѓу 80 и 84 години, наведува нивната Национална служба за статистика. Токму скалата на изгубените години на Светката здравствена организација, објаснува дека смртта во 81-та година е еднаква на 14 години изгубен живот.

Поврзани содржини