Се одложи првото судско рочиште во случајот „Моќник” во кој се обвинети 13 лица меѓу кои и Антонио Милошоски, неговиот татко, поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, поранешниот градоначаник на Македонски брод, Милосим Војнески.
Обвинението ги терети дека сториле кривични дела измама и злоупотреба на службената положба, во незаконска продажба на објект во село Ижиште (Општина Македонски Брод) во кој била сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница. Подоцна, како што се наведува во обвинението, Милошоски наводно побарал од Аџиев и лустрација за судија од кичевскиот суд.
Почетокот на судењето денеска се одложи за 23 декември затоа што обвинети и нивни бранители до судот доставиле решенија дека се заразени со коронавирус или пак се во самоизолација.