КОРОНАВИРУСОТ ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО НА СТЕВЧО Градоначалникот дојде во судницата без адвокат

Покрај Јакимовски, обвинети беа и петмина службеници од Општина Карпош кои во декември лани признаа вина за бесправно градење.

484

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска седна на обвинителната клупа, но рочиштето на судењето во кое тој е обвинет не се одржа поради тоа што неговиот адвокат бил во контакт со лица позитивни на ковид-19.

Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.  Тој во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. „Партизански одреди“ бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во текот на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење, без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација.






Потоа поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал, иако според Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација, затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

Покрај Јакимовски, обвинети беа и петмина службеници од Општина Карпош кои во декември лани признаа вина за бесправно градење. Бидејќи ги признаа кривичните дела уште пред да влезат во судница, тие добија услови затворски казни по 1 година.

Поврзани содржини