Коронавирусот ги сврте децата против родителите и родителите против децата

Ќе се спасат оние кои размислуваат и кои кројат планови. Бидејќи не можете физички да се движите, тогаш барем движете го мозокот - препорачува италијанскиот психијатар.

689

Психолошката штета ќе биде еднаква, па дури и поголема од економската штета, предупредува италијанскиот психијатар Паоло Крепет, кој смета дека епидемијата со коронавирусот сега се претвора во психолошка војна.

– Ќе се спасат оние кои размислуваат и кои кројат планови. Бидејќи не можете физички да се движите, тогаш барем движете го мозокот – препорачува психијатрот во разговор за „Huffington Post“.






Тој смета дека никој не може реално да каже што ќе се случува после епидемијата, или кога и како Италијанците ќе му се вратат на нормалниот живот.

– Карантинот е факт и поради него постои голема нетрпеливост. Родители против деца, деца против родители. Таква е климата во Италија. Се согласувам со филозофот Машимо Цачиари кој вели дека домот се претвори во пекол – објаснува Крепет.

Тој додава дека до денес не сме го познавале својот дом.

– Пред ковид-19 семејствата се состоеја од луѓе кои стануваа од спиење и одеа на работа. Децата мораа да одат на училиште, на курс или спортуваа. Но, сега сме жртви на масовно експериментирање, бидејќи цели семејства се наоѓаат постојано помеѓу четири ѕидови. И таму не постои сигурносен вентил – вели тој.

Крепет додава дека фрустрациите кај луѓето стануваат сè поголеми и пострашни.

– Не мислам дека ќе се случува масакр во италијанските семејства, но многу родители се уморни од своите деца и многу парови не се навикнати постојано да се заедно – вели Крепет.

Поврзани содржини