Коронавирусот ги покоси и холандските лалиња
Досега се уништени меѓу 70 и 80 отсто од годинешната берба.
Во Холандија е сезона на лалињата, но годинава тие масовно се уништуваат, оти корона-пандемијата драстично ја намали побарувачката за нив.
Купишта лалиња, рози, хризантеми и друг вид цвеќе чекаат на уништување на најголемиот светски пазар…
– Тоа е единствено што ни преостанува – вели Мишел ван Ши, гласноворник на Ројал Флора-Холанда – холандското здружение на цвеќари.
Досега се уништени меѓу 70 и 80 отсто од годинешната берба.
– Оваа холандска асоцијација за цвеќиња постои над сто години и никогаш не сме биле во ваква криза – додава тој.