Коронавирусот ќе ги чини банките низ целиот свет 2,1 трилион долари
Околу 60% од загубите најверојатно ќе бидат во азиско-пацифичкиот регион, иако најголемиот релативен раст, во просек повеќе од двапати во однос на 2019 година, ќе се случи во Северна Америка и Западна Европа, очекува „Ѕ&Р“.
Загубите оваа година ќе бидат двојно поголеми отколку во 2019 година, предвидува рејтинг агенцијата „S&P Global“.
Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари до крајот на 2021 година како резултат на кризата од коронавирусот, пишува рејтинг агенцијата „S&P Global“, цитирана од „Ројтерс“. Оваа година загубата ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно повеќе од нивото од 2019 година.
Околу 60% од загубите најверојатно ќе бидат во азиско-пацифичкиот регион, иако најголемиот релативен раст, во просек повеќе од двапати во однос на 2019 година, ќе се случи во Северна Америка и Западна Европа, очекува „Ѕ&Р“.
– Ние проценуваме дека најголемите 200 банки учествуваат со околу две третини од кредитите на глобално ниво. За 2020 година, веруваме дека кредитните загуби за овие банки ќе апсорбираат околу 75% од нивниот профит пред резервите. Според нашето основно сценарио, овој сооднос ќе се подобри на околу 40% во 2021 година – се вели во извештајот.
Азиско-пацифичкиот регион се очекува да достигне 1,2 трилион долари загуби во 2021 година, од кои три четвртини ќе бидат регистрирани во Кина.
Од аспект на потрошувачки кредит, кинескиот банкарски систем е со иста големина како комбинираните банкарски системи во САД, Јапонија, Германски и Британија и обично игра поважна улога во снабдувањето на економијата со кредити.
Регионите во Северна Америка се очекува да бидат погодени со дополнителни 366 милијарди американски долари од зголемувањето, по што следеа 228 милијарди американски долари во Западна Европа, 142 милијарди американски долари во Источна Европа, Блискиот исток и Африка и 131 милијарди американски долари во Латинска Америка.
– Доколку пандемијата со ковид-19 се покаже како полоша или трае подолго од основните економски прогнози на „S&P“, комбинацијата на повисоки загуби од кредити и пониската добивка неизбежно ќе ги погоди банките низ целиот свет – се вели во извештајот на агенцијата за рејтинг.