Коронавирусот делумно го затворен голф-клубот на Трамп на Флорида
Засега не се знае колку лица се заразени, кои делови од клубот се затворени или како тоа влијае на поранешното прво семејство.
Мар-а-Лаго, клубот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, е делумно затворен поради појава на ковид-19, јавија американските медиуми.
Информациите доаѓаат од повеќе извори, вклучително и член на клубот кој вчера бил телефонски известен за затворањето. Рецепционер во одморалиштето потврди, додавајќи дека затворањето е до следна наредба, без да даде детали. Според извор запознат со активностите на клубот, дел од него бил накратко затворен како мерка на претпазливост, а некои вработени биле ставени во карантин.
Засега не се знае колку лица се заразени, кои делови од клубот се затворени или како тоа влијае на поранешното прво семејство.
Трамп се пресели во Мар-а-Лаго по напуштањето на Вашингтон
Неговите портпароли сѐ уште не одговориле на барањата за коментар.
Поранешниот претседател беше хоспитализиран во ковид-19 минатата година, а потоа се вакцинираше против коронавирусот.