Коронавирусот ја затвори најмалата градинка со 20 деца во Прилеп

377

Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.

Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, трендот е ист како и епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот.






-Здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра – изјави Шахпаска.

Вели состојбата се следи и ќе се носат одлуки во консултација и соработка со здравствените и локалните власти.

– Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа што не секаде епидемиолошката состојба е иста. Најважен капитал е здравјето на граѓаните и на најмладите – рече Шахпаска, одговарајќи дали се размислува за затворање на градинките. 

Во меѓувреме, коронавирусот ја затвори најмалата градинка со 20 деца во Прилеп, а уште 15 деца се во изолација од друга градинка. Градинката кај Работничкиот универзитет е затворена и 20-те деца се пратени во изолација зашто позитивни на коронавирусот се две негувателки. Во изолација од оваа градинка се и осумте члена на персоналот. Градинката е дезинфицирана и треба да проработи по дваесетина дена

Поврзани содржини