Коронавирус во психијатриската болница во Демир Хисар, почина пациентка, 12 се заразени

1,114

Корона вирусот влезе во Психијатриската болница во Демир Хисар каде се заболени 12 пациенти, а една штитеничка почина како потврден позитивен случај, пишува Независен, а тоа го потврдува и Марјанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар.

Независен пишува дека се претпоставува дека вирусот го пренел некој од вработените, бидејќи болеста е потврдена кај двајца вработени,  а првиот случај е кај медицинска сестра. Во болницата има околу 300 згрижени пациенти и 250 вработени.






„Имаме нов кластер во општината, тоа е Психијатриската болница во Демир Хисар. Забранети се посети, одење на викенди и веруваме дека за кусо време ситуацијата ќе се стави под контрола“, изјави  Стојановски.

Поврзани содржини