КОРОНАТА СЕ ШИРИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Ученичка од „Никола Карев“ позитивна на ковид-19
Во класот во кој учела позитивната ученичка има вкупно 34 ученици, а за тоа кој ќе оди во изолација ќе одлучуваат епидемиолозите, вели директорот Манолев.
Во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, средношколка од трета година е позитивна на ковид-19. Дека во ова училиште има позитивен ученик ни потврди и директорот на училиштето Андреј Манолев, кој вели дека се работи за ученичка од трета година и додава дека за сега од 1.170 ученици официјално потврден позитивен на ковид-19 е само еден, објави МКД.
– Во класот во кој учела позитивната ученичка има вкупно 34 ученици, а за тоа кој ќе оди во изолација ќе одлучуваат епидемиолозите – вели Манолев.
Денес се прават епидемиолошките анкети на учениците, по што ќе биде кажано дали сите ученици или само оние кои седеле до ученичката, пред девојчето или зад девојчето ќе бидат во изолација. Учениците од класот чекаат инструкции од епидемиолозите.
Во текот на вчерашниот ден објавивме за позитивен ученик во основното училиште „Љубен Лапе” во Скопје. И таму епидемиолозите ќе одлучуваат за тоа кои деца и дали сите ученици ќе одат во изолација, откако Центарот за јавно здравје ќе направи епидемиолошки анкети.
Првите случаи на позитивни ученици беа забележани во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром, како и во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во населбата Кисела вода каде двајца ученици од деветто одделение пројавиле симптоми, едниот од нив бил позитивен, а за другиот ученик се чекаат резултатите.