КОРОНАТА СЕ ШИРИ МЕЃУ ДЕЦАТА, АМА НЕМА ПРОСТОР ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ Д-р Петличковски тврди дека епидемиолошката состојба е подобрена

Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити најмногу од хоспитализација и од смрт, истакна првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

316

Се забалежува подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не значи и дека е добра. Препораката е граѓаните да примат трета доза вакцина, зашто тоа е најдобриот начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

По редовната седница на Комисијата, Петличковски истакна дека има зголемување на нови случаи меѓу децата од 6 до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но дека нема простор за загриженост.






– Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето – подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и на Битпазар.

На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар, а во оо однос на смртноста, Петличковски информираше дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци.

– Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити најмногу од хоспитализација и од смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни – вакцинацијата со трета доза е најдобра  заштита – потенцира претседателот на Комисијата.

Според Петличковски, првите резултати од серолошкиот скрининг во Скопје се очекуваат во почетокот на идната недела.

– Значи, сакаме да тестираме случајни минувачи, не луѓе кои имаат потреба од тестирање. Вчерашниот ден собравме околу 200 примероци, почнуваат да се анализираат и за брзо време ќе ги имаме податоците. Планот е за Скопје да собереме околу 1000 испитаници, веројатно на пет различни локации. Како ги собираме очекувам во почетокот на следната недела да имаме првични податоци за серопреваленцата во Скопје. Паралелно со тестирањето во Скопје тестираме и низ државата со тоа што тука ни помагаат трансфузиолошките заводи кои имаат голем број здрави дарители кои не планираат да се тестираат заради болест, заради некаков симптом. Ќе ги искористиме тие примероци и исто така планираме помош и од центрите за јавно здравје, но скринингот во Македонија ќе касни ден-два затоа што имаме малку организациски одложувања – додаде Петличковски.

Во однос на кумулативниот леталитет од ковид-19 од почетокот на болеста до денес, Петличковски истакна дека изнесува три отсто.

– Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци – информира Петличковски.

Поврзани содржини