КОРОНАТА РУШИ РЕКОРДИ ВО МАКЕДОНИЈА Регистрирани се 1.725 нови случаи во последното деноноќие
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.
Рекордни 1.725 новозаразени, 332 оздравени и две починати лица од коронавирусот се регистрирани во последното деноноќие, информираше Министерството за здравство.
„Направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19: Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1. Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од: Скопје – 185, Битола – 27, Прилеп – 26, Кавадарци – 15, Велес и Ресен – по 11, Куманово – 9, Македонски Брод – 7, Охрид, Тетово и Кичево – по 5, Богданци – 4, Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3, Делчево, Струга и Пробиштип – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66) и Неготино (76). Пријавените лица се починати во болнички услови“, се вели во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)