КОРОНАТА ОДЗЕДЕ ШЕСТ ЖИВОТИ Регистрирани се 310 новозаразени и 355 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19: Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.
„Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Битола – 26, Кавадарци – 19, Охрид – 16, Прилеп – 12, Куманово – 11, Штип – 9, Велес, Делчево и Кичево – по 8, Неготино – 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4, Тетово, Струмица и Ресен – по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2, Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76 и 77) и по едно починато лице од Скопје (77) и Кавадарци (54). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69) и Кавадарци (62). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год. Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети“, се вели во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)