КОРОНАТА ОДЗЕДЕ МЛАД ЖИВОТ 19-годишна девојка меѓу седумте починати од ковид-19 во Тетово
Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина, рече д-р Нуредини.
19-годишна девојка од Тетово е меѓу починатите седум лица во последните 24 часа кои ја загубиле биката со ковид-19, информираше координаторот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини.
Меѓу починатите покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.
– Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина – рече д-р Нуредини.
Вчера во Тетово имаше четири починати, со што во текот на пандемијата достигна бројка од 341 починати поради ковид-19.
Од вчера во Клиничката болница Тетово за болничко лекување почна да се користи и третиот кат од интернистичкиот блок покрај модуларна болница, инфективно одделение и два ката од интерно одделение.