КОРОНАТА ГО ПОКОСИ ТОТЕНХЕМ Конте има само 11 здрави фудбалери на располагање

Засега позитивни на ковид-19 се осум фудбалери и петмина од клупскиот персонал, а тренерот Антонио Конте во моментов на располагање има само 11 здрави фудбалери.

350

Расте бројот заразени со коронавирус во редовите на англискиот прволигаш Тотенхем поради што е доведено во прашање одигрувањето на утрешниот натпревар во Лондон во рамки на УЕФА Конференциската лига против француски Рен.

Засега позитивни на ковид-19 се осум фудбалери и петмина од клупскиот персонал, а тренерот Антонио Конте во моментов на располагање има само 11 здрави фудбалери.






– Проблемот е во тоа што секој ден имаме нови луѓе со ковид. Луѓето, кои вчера не беа позитивни, денеска се позитивни, а ние и натаму имаме контакт со луѓе за кои мислиме дека се негативни – изјави попладнево Конте.

Поврзани содржини