Короната ги прекина сите пингпонгарски натпреварувања

200

Не поминаа ни два месеца од започнувањето на пингпонгарските натпреварувања во македонските лиги кои беа во прекин од средината на март до средината на септември за истите повторно да бидат прекинати.

Новите протоколи кои ги донесоа властите, а се однесуваат на спортот за борба против пандемијата од коронавирусот силно ги погодија клубовите, кои знаејќи дека пинг-понгот кај нас се уште не е издигнат на професионално ниво, така што клубовите немаат финансиска моќ да ја спроведат одлуката прошишана во протоколите за задолжителен ПЦР тест на играчите и тренерите пред секој натпревар.






Поради овие причини Пингпонгарската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на сите натпреварувања додека не се создадат услови кои ќе бидат поволни за продолжување на натпреварите.

Поврзани содржини