Коронакризата повод за корупција во Сицилија, десетмина притворени

Властите наредија и заплена на седум компании во Сицилија и Ломбардија, поврзани со обвиненијата

244

На Сицилија уапсени се 10 мажи, меѓу кои и шефот на кризниот штаб на Сицилија, поради примање мито во висина од 1,8 милиони евра за медицинска опрема и договори за услуги, соопшти денеска италијанската полиција.

Договорите, за кои наводно било примено мито, се во вредност од 600 милиони евра, јавува Би Би Си.






Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо оцени дека станува збор за „исклучително сериозен корумпиран систем“.

Шефот на кризниот штаб на Сицилија за одговор на новиот коронавирус Антонио Кандела, во моментов е во куќен притвор.

Властите наредија и заплена на седум компании во Сицилија и Ломбардија, поврзани со обвиненијата

Поврзани содржини