Корона журки насекаде во Македонија, ќе стави ли некој крај на овој башибозук? (ФОТО)

1,120

По пломбирањето на ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица, откако на Фејсбук се појавија фотографии од масовна журка во локалот, на социјалните мрежи се објавуваат фотографии и од други корона журки насекаде во земјава.

На фотографијата е забава во ноќен клуб во Прилеп. Но, се тврди дека вакви забави се одржуваат и во Кавадарци, Пробиштип и во други градови во земјата.






Никој не сака пак да се воведе полициски час, но се поставува прашањето има ли јунак во земјава да ги спречи ваквите масовни забави, на кои никој не носи маска? Насекаде во Европа масовните собири се сметаат за главен извор на заразата. Се чини дека само кај нас никој тука не гледа проблем. Па после се чудиме зошто сме европски црни рекордери и зошто секој ден соборуваме нови рекорди.

(Фото: Фејсбук)

Поврзани содржини