Корона и бизнис: Изнајмувала кози на состаноци на Зум ФОТО

Дот Макарти од Велика Британија вели дека „неверојатно“ многу луѓе понудиле да ѝ платат за нејзината коза Лола и другите од стадото да се појават на нивните состаноци.

503

Фармерка која на шега предложила да изнајми коза на состанок преку Зум во време на карантин заработила околу 56.000 евра.

Дот Макарти од Велика Британија вели дека „неверојатно“ многу луѓе понудиле да ѝ платат за нејзината коза Лола и другите од стадото да се појават на нивните состаноци.






Таа вели дека тоа и овозможило фармата да остане отворена и да ги задржи вработените, а исто така ги покрила трошоците за работа на фармата.

А и позабавно е од продавање ѓубриво за да се преживее, вели таа.

BBC

Нејзината фарма обично издавала простор за свадби и училишни посети за да оствари дополнителен приход, но епидемијата на коронавирусот ја спречила да работи.

Таа ја презела семејната работа од мајка си пред околу пет години и дошла на идеја да изнајмува овци од стадото за состаноци преку апликацијата Зум.

Козата неочекувано би се појавила на состанок, како изненадување.

Луѓето можат да платат пет фунти за да изнајмат коза, која би им се придружила на закажаниот состанок со мала помош на работниците на фармата.

Макарти вели дека ја шокирало тоа што шегата станала деловен успех.

Таа вели дека ја прикачила понудата на сајтот на фармата за да ги насмее луѓето во април 2020, кога првпат е воведен карантин во Велика Британија.

Кога се разбудила, ја дочекале 200 мејлови.

Cronkshaw-Fold-Farm

Нејзините кози се појавиле на состаноци ширум светот, од Америка до Русија, Кина и Австралија.

Едно семејство ја букирале нејзината коза Маргарет секоја сабота.

– Ја нарекуваат Марг и ја третираат како член на семејството – вели таа.

Макарти додава дека повеќе ја сака таа работа од продавање ѓубриво.

– Ова е многу полесно и позабавно – вели таа.

Извор: BBC

Поврзани содржини