КОРИСТЕТЕ ГИ ПОСТОЈНИТЕ ЗАКОНСКИ МЕХАНИЗМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН-ЗОНАТА Совет од Европската комисија за балканските превозници

Според портпаролот на ЕК, ова вклучува и соработка со соседните земји-членки на Шенген. Мерсие го најави следниот состанок на работната група за 23 февруари.

88

Европската комисија е свесна за проблемите на возачите на камиони од Западен Балкан во врска со примената на Системот за влез и излез (EES) во Шенген зоната и засега им советува да ги користат постојните законски механизми, беше објавено во Брисел, со најава за нов состанок на работната група за ова прашање за следната недела.

Портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, изјави дека на првиот состанок на работната група, кој се одржа на 3 февруари, беа разјаснети Шенгенските правила и беа разгледани опциите за нивна примена во контекст на воведувањето на EES.






– Ги охрабруваме партнерите од Западен Балкан да ги користат можностите за долгорочни визи и дозволи за престој, како и флексибилностите предвидени во Шенгенските правила, особено во однос на правилата за прекуграничните работници – рече Мерсие.

Според него, ова вклучува и соработка со соседните земји-членки на Шенген. Мерсие го најави следниот состанок на работната група за 23 февруари.

Новиот систем за влез и излез од ЕУ строго го ограничува престојот на возачите од земји кои не се членки на ЕУ на 90 дена во период од 180 дена. Поради природата на нивната работа, професионалните возачи многу брзо го достигнуваат овој лимит, по што се соочуваат со депортација или забрана за влез во ЕУ.

Транспортерите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија веќе ги блокираа товарните премини на крајот на јануари поради овие правила, а блокадите беа укинати откако Европската комисија објави дека ќе разгледа посебни визи за професионалните возачи.

Сепак, според претставниците на транспортниот сектор, без конкретно решение и посебен статус за возачите на камиони, опстанокот на многу транспортни компании во регионот би можел сериозно да биде загрозен.

Поврзани содржини