КОРИСТЕЛЕ СОФТВЕР НА ДИВО, РАБОТЕЛЕ И СО ЕВРА Казнета обложувалница во Тетовско
Полицијата истакнува дека ваквите прекршоци се сметаат за кривични дела и потенцира дека нема да толерира работење без законски дозволи и лиценци.
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против обложувалница од Теарце и нејзиниот управител од Скопје, Г.Т. (50), поради користење на софтвер без соодветни лиценци. Пријавата се однесува и на вработената К.М. (38) од Тетово, која во касата на обложувалницата чувала банкноти во евра, што е спротивно на законот за девизно работење.
Контролата, спроведена на 16 февруари 2025 година, откри дека компјутерите на обложувалницата не поседувале холограмски налепници и лиценци за оперативниот систем, а обложувалницата немала дозвола од НБРСМ за работа со странска валута.
Полицијата истакнува дека ваквите прекршоци се сметаат за кривични дела и потенцираат дека нема да толерираат работење без законски дозволи и лиценци.