КОРИСТЕЛЕ СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ ОД ДРОГИРАНО 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Се бара притвор за тетовските монструми
Користејќи различни форми на принуда првоосомничениот ѝ овозможил на жртвата да конзумира психотропни супстанции, со што ја доведувал во состојба на физичка или ментална неспособност, воспоставувајќи контрола врз неа. Лишувајќи ја од способност самостојно да донесува одлуки го вовлекол детето-жртва во состојба на сексуална експлоатација.
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 5 лица.
„Првоосомничениот од есента 2023 година до крајот на 2024 година, во Тетово, откако започнал емотивна врска со тогаш 15-годишната жртва, ја злоупотребил положбата на љубовен партнер и континуирано манипулирајќи со неа и искористувајќи ја довербата што жртвата му ја укажала, ја довел во состојба на зависност. Користејќи различни форми на принуда ѝ овозможил на жртвата да конзумира психотропни супстанции, со што ја доведувал во состојба на физичка или ментална неспособност, воспоставувајќи контрола врз неа. Лишувајќи ја од способност самостојно да донесува одлуки го вовлекол детето-жртва во состојба на сексуална експлоатација. Заради остварување имотна корист, ја подведувал жртвата да дава сексуални услуги, а на останатите осомничени и други неидентификувани лица им овозможил да користат сексуални услуги од детето-жртва, кои иако знаеле и биле должни и можеле да знаат дека е жртва на трговија со луѓе, сепак ги користеле сексуалните услуги и му плаќале на осомничениот директно или преку детето-жртва“, соопшти ОЈО ГОКК.
Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи истата да им ја определи на сите петмина осомничени.