„КОРИСЕН ПОДАРОК ЗА УЖИВАЊЕ НА СОФА ВО ДОЖДЛИВ ДЕН“ Уникатен подарок на Џорџа Мелони за Чарлс Трети

За време на тридневната посета на Италија, британскиот крал и кралица се сретнаа со италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерката Мелони, папата Франциско, а Чарлс одржа говор пред италијанскиот парламент.

576

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му подари на британскиот крал Чарлс Трети персонализирана тегла Нутела со неговото име испечатено во златни букви, пренесува италијанската агенција АНСА.

Чарлс го доби светски познатиот намаз од лешник за време за време на посетата на Италија. Тегла Нутела со персонализирана етикета ѝ била дадена и на  кралицата Камила.






„Корисен подарок за уживање на софа во дождливи денови“, напиша Мелони во пораката што ги придружувала подароците.

За време на тридневната посета на Италија, британскиот крал и кралица се сретнаа со италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерката Мелони, папата Франциско, а Чарлс одржа говор пред италијанскиот парламент.

Тие го посетија и гробот на Данте во Равена, каде што престојуваа по повод 80-годишнината од ослободувањето на тој дел на Италија.

За време на нивната посета на Италија, Чарлс и Камила ја прославија и 20-годишнината од бракот.

Поврзани содржини