📷 КОРЕНИТЕ ГО ВЛЕЧАТ БИКОВИЌ ДОМА Светскиот актер се врати во Берово со визија за развој

Светскиот актер ја посети општината со цел да разговара за конкретна инвестиција што ќе донесе економски развој, туризам и нови работни места.

1,585

Берово имаше чест да го угости светски познатиот актер Милош Биковиќ, кој во посета на општината не беше само како пријател, туку и со конкретна работна цел, разговори за реализација на најголемата поединечна инвестиција во историјата на општината, објави Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Берово.

Иницијативата за средбата произлезе од Петар Ружински, кој со својата визија и план успеа да го привлече вниманието на актерот и да го донесе во Берово.






– Корените секогаш те влечат дома. Но, визијата е она што те убедува да инвестираш во иднината. Во разговорот со Петар Ружински, јас ја видов таа визија за Берово – истакна Биковиќ, додавајќи дека има силна емотивна врска со овој крај поради семејните корени.

Според најавите, инвестицијата се очекува да донесе повеќекратни придобивки за регионот, вклучувајќи забрзан економски развој и отворање на нови, квалитетни работни места. Исто така нов импулс во туризмот, со што Берово ќе се позиционира на пошироката туристичка мапа.

Ружински истакна дека оваа посета е доказ дека со јасна визија и посветена работа, Берово има потенцијал да привлече сериозни инвеститори и да создаде нова иднина за своите граѓани.

– Ова е шанса за Берово да се трансформира и да обезбеди економски просперитет и нови можности за своите жители – порача Ружински.

Поврзани содржини