Корејци ја пеат евровизиската „Молитва“ од Марија Шерифовиќ, цел Балкан воодушевен ВИДЕО

1,363

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење, која во оригнално издание ја пее српската пејачка Марија Шерифовиќ.

Момчињата со своите исклучителни пејачки способности, но и одличен изговор на српскиот јазик, го воодушевија Балканот.






На нивните способности не остана рамнодушна ниту самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Шерифовиќ го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот профил на Инстаграм.

Пејачката во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини