КОРАТА ОД ЛУБЕНИЦА НЕ Е ЗА ФРЛАЊЕ Направете супа, слатко или салата
Иако сме навикнати да ја јадеме само сочната црвена внатрешност на лубеницата, не е за фрлање ниту кората која најчесто завршува во кантата за отпад. Еве што сѐ можеме да направиме со неа
Повеќето од нас сме навикнати да ја фрламе кората од лубеница и да ја јадеме само сочната црвена внатрешност. Но кората од лубеница не само што е јадлива, туку е и богата со корисни хранливи материи. Практично, тука има најмногу витамини, на пример, во неа се наоѓаат витамините Б и Ц и цитрулин кој се претвора во аргинин, кој е многу важен за здравјето на срцето и за циркулацијата.
Станува збор за белиот дел од лубеницата кој се наоѓа помеѓу слаткиот црвен плод и зелената кора. Иако црвената внатрешност е неспорно највкусна, и белиот дел може да биде вкусен, но на поинаков начин.
Затоа, време е да престанеме со фрлање на кората од лубеница и да ѝ дадеме шанса. Од кората може да се направат повеќе работи, на пример, слатко од лубеница, кисела туршија, може да се сомеле и да се додаде во смути, а може да се направи и кандирана закуска. Пред неколку години ние ја откривме и ладната супа од кора од лубеница и беше навистина вкусна и освежителна.
Рецептите за супата, за слаткото, за салатата и за кандираната кора од лубеница, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.