📷 КОПИЈА НА СВОЈАТА БАБА ИЛИ ПРИНЦЕЗА ОД БАЈКИТЕ Еве како ќе изгледа принцезата Шарлот за 10 години според проекцијата на АИ
Шарлот Елизабет Дијана многумина ја споредуваат со личноста чие име го носи, некои се убедени дека таа е копија на нејзината баба, принцезата Дијана. Некои пак одат подалеку и во нејзиниот лик ги гледаат цртите на лицето на покојната кралица Елизабета.
Принцезата Шарлот е второ дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, родена е на 2 мај 2015 година во Лондон, има посебен шарм и веќе и израснува во вистинска убавица.
Шарлот Елизабет Дијана многумина ја споредуваат со личностите чие име го носи, некои се убедени дека таа е копија на нејзината баба, принцезата Дијана. Некои пак одат подалеку и во нејзиниот лик ги гледаат цртите на лицето на покојната кралица Елизабета.
View this post on Instagram
Може да се каже дека нејзиниот лик ги покажува измешаните гени на Дијана и Елизабет, но и на родителите Вилијам и Кејт.
Нејзината посебна убавина се најде во центарот на вниманието особено на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс.
View this post on Instagram
Осумгодишната принцеза носеше бел фустан и свилена сатенска наметка во боја на слонова коска од креаторот Александар Меквин, исто како и нејзината мајка.
Покрај тоа, и двете носеа дијадеми кои беа дизајнирани за нив по нарачка од модната куќа Александар Меквин.
View this post on Instagram
Со помош на вештачка интелигенција, создаден е портрет на младата принцеза, кој покажува како ќе изгледа Шарлот за 10 години.
View this post on Instagram
Прекрасната млада жена со дијадема и во балска тоалета ги освои срцата на прв поглед и никој не може да остане рамнодушен на нејзината безвременска убавина.
Кога ја виделе оваа фотографија, некои уште повеќе ја истакнале сличноста со Елизабет, Вилијам и Кејт, а други коментирале дека Шарлот ќе изгледа како принцеза од бајките на Волт Дизни.