🎥 КОПАА ДУПКА ВО ПЕСОКТА, А ПОТОА – ШОК! Од детска игра, за малку голема трагедија

При мешањето на морската вода со песокта на плажата, настанува смеса слична на тнр. „жива песок“, од која е тешко да се излезе, дури и со нечија помош. Внимавајте на вашите деца и учете од ваквите снимки!

665

Ова се случи во Калифорнија, но можеше да се случи било каде, на било која плажа. Деца копаа прилично голема дупка во песокта, која се наполни со вода, но потоа доживеаа шок! Не можеа да бидат извлечени од калта, дури ни со помош на неколку возрасни.

Зошто оваа ситуација е толку опасна? При мешањето на морската вода со песокта на плажата, настанува смеса слична на тнр. „жива песок“, од која е тешко да се излезе, дури и со нечија помош. Освен тоа, во моментот кога водата влегува во дупката, се создава вакуум кој го заробува телото и цврсто го држи за дното, спречувајќи движење и извлекување. Во почетокот тоа изгледа безопасно, па дури и смешно, но ако човек потоне над колената, ситуацијата станува сериозна, особено ако е време на плима. Колку е подлабоко потонувањето, отпорот станува сè поголем, па единствен излез е отстранување на песокта со копање со раце или со алатки.






Затоа, родители, бидете внимателни со вашите деца за да не се најдат во слична ситуација.

Поврзани содржини