Како координатор сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок, напиша координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, попладнево на својот профил на Фејсбук.
„Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. Од друга страна, добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени. Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, напиша тој.
Митревски порача: Бидете смирени и бидете подготвени!