КОНЗУЛАТОТ ВО ЊУ ЏЕРСИ РАБОТИ СО РЕДОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ Неточни се наводите на Левица, реагира МНР

118

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги демантира, како што вели, неточните информации изнесени од политичката партија Левица, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Северна Македонија во Њу Џерси.

„Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Ја информираме јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави“, соопшти Министерството.






Од Левицa утрово испратија соопштение во кое наведуваат дека Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, работи само четири часа неделно – два часа во вторник и два во четврток и дека тоа е доказ за, како што велат, институционалното запоставување на македонската дијаспора.

„Овој однос на македонско конзуларно претставништво во светот не е единствен. Честопати се регистрира и во други држави, и не мал број на наши сограѓани очајуваат поради нефункционални веб сајтови, неодговарање на телефон во работно време и патувања на празно зашто работното време е или недоволно или неправилно означено“, се наведува во соопштението на Левица.

Поврзани содржини