Контурите на новиот светски поредок

На чело на тој сојуз, наместо овие западниве багабонти, ќе заседне еден од најголемите современи воени стратези, Рамазан Кадиров.

1,171

Од извори блиски на творците на новиов светски поредок дознав дека деновиве истиот веќе ги добива своите контури.

Иако во нашиве медиуми нема речиси никакви информации, сепак, во банките масовно се врши конверзација на еврата и на доларите за рубљи.Од истите извори дознав дека рубљи нема за лек.






Истовремено, голем број западноевропски тајкуни поради колапсот на финсискиот сектор ги префрлаат своите пари во руските банки. Што е сигурно, сигурно.

Земјиве од Западниов Балкан, пак, се подготвуваат наместо во НАТО да аплицираат за влез во Варшавскиот пакт, во кој главниот збор го има Владимир Владимировиќ.

На чело на тој сојуз, наместо овие западниве багабонти, ќе заседне еден од најголемите современи воени стратези, Рамазан Кадиров.

 

(Фејсбук статус на авторот)

 

Поврзани содржини