Контроверзниот српски тајкун тврди дека им дал мито од 300.000 евра на Заев и на Рашкоски за комбинатот „Јелак“

982

Според „аудио бомбата“ во која контроверзниот српско-црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака тврди дека му исплатил 300 илјади евра на генералниот секретар на владата на Заев, Драги Рашковски, станува збор за просторот на Шумарско индустрискиот комбинат „Јелак“ во Тетово кој се простира на неколку илјади метри квадратни во непосредна близина на центарот на градот.

Во продолжение дел од разговорот на српскиот бизнисмен и Зоран Милески Кичеец каде што се споменува комбинатот „Јелак“:






Дака: „И јас да дознаам пред недела дена од Рашковски, дека сега треба да вршат процена на ШИК Јелак после три години. Не ме зафркавај Зоран, ме прашуваш зошто сум лут. После 3 години, кога беше ти, Здравко и Перовски, ми ветивте за 7 дена ќе ми кажеше колку чини остатокот од ШИК „Јелак“, дали е така? Точно или не е точно? Дали ми ветивте?

Кичеец: Тоа тој го кажа, не јас.

Дака: Па чекај тоа е твој другар, јас немам ништо со него. Дали е точно дека направи нула до денес? Епа што има да зборуваме тогаш.

Во разговор со Зоран Милески Кичеец бизнисменот Дака е лут затоа што и покрај тоа што исплатил голема сума, се уште не му е испорачано тоа кое што го договарал со Рашковски и Заев.

„Ги знам тие ваши трикови. Јас  ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“- вели Давидовиќ Дака, на што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.

На 115-та седница на Влада одржана на 15.01.2019 како 120 точка била разгледувана информација за имотот од стечајна постапка од должникот ШИК „Јелак“ АД Тетово, со предлог-одлука за давање согласност, преку нотар да им се понуди дел од деловен простор на другите сопственици на деловниот простор. Тогаш, како што пишуава, Курир.мк, била донесена Одлуката за давање согласност со подавка преку нотар да им се понуди дел од деловен простор на другите сопственици на деловниот простор.

Поврзани содржини