Контроверзниот рапер сака да си купи планета

Oткупот на планета засега не е правно можно. Сепак, овој маркетинг-трик поведува важни прашања за тоа кој би имал имотни права над територии надвор од планетата Земја и што сè треба да се промени за тоа да се примени?

202

Американскиот рапер Лил Узи Верт изјави дека има намера да ја купи џиновската гасовита планета регистрирана под името ВАСП-127-б, што сигурно би било прво купување од овој вид во светот.

Контроверзниот Узи претходно го привлече вниманието на јавноста кога во челото „си вгради“ дијамант од 24 милиони долари и му се придружи на пејачот Гримс во намерата да си стават компјутерски чипови во мозоците, па и двајцата да го стекнат „знаењето на боговите“. За разлика од чиповите во главата, се чини, музичарот нема да наиде на разбирање кај „вселенската заедница“ по оваа нова замисла.






Тоа е така затоа што откупот на планета засега не е ниту правно можно, па ни во симболична смисла. Сепак, овој маркетинг-трик поведува важни прашања за тоа кој би имал имотни права над територии надвор од планетата Земја и што сè треба да се промени за тоа да се примени?

Иако на Твитер, Лил Узи Верти и Грајмс разменија пораки во кои се тврди дека се „на чекор од потпишување историски договор за набавка“, тоа (сè уште) не е можно во пракса, освен ако не се граѓани на повисока (вонземска) цивилизација, како што се шегуваат американските медиуми.

Овој договор не е можен, меѓу другото, и бидејќи Меѓународниот вселенски договор од 1967 година сè уште е во сила во меѓународното право. Со него, се забранува сопственост на поединци и влади над територии надвор од Земјината Орбита.

Поврзани содржини