📽 КОНТРОВЕРЗНИОТ БИОХАКЕР СИ ЈА ЗАМЕНИ ЦЕЛАТА КРВНАТА ПЛАЗМА Докторите не виделе вакво нешто?

Ми ја отстранија целата плазма од телото, а докторката рече дека тоа е најчистата плазма што некогаш ја видела, напиша познатиот биохакер во својата објава на Инстаграм.

566

Контроверзниот американски милионер кој сака да си го продолжи животниот век одново си пресади нова крвна плазма во своето тело. Брајан Џонсон, кој во 2023 година замени литар од својата плазма со донирана плазма од неговиот син кој тогаш имаше 17 години, сега направи целосна замена на плазмата со раствор што содржи 5% албумин и интравенски имуноглобулин (IVIG) .

Тој вели дека лекарите не виделе ништо слично.






„Ми ја отстранија целата плазма од телото, а докторката рече дека тоа е најчистата плазма што некогаш ја видела“, напиша Џонсон во својата објава на Инстаграм.

Џонсон е дел од познатите личности кои сакаат да го „хакнат“ својот животен век за да живеат подолго, па ги нарекуваат и биохакери. Нивните методи, иако базирани на одредени научни студии, се шпекулативни.

Плазмата е течниот дел од крвта и сочинува околу 55 проценти од вкупниот волумен на крв во човечкото тело. Црвените крвни клетки ги сочинуваат преостанатите 45 проценти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Џонсон стана популарен на социјалните мрежи по неговиот протокол за здрава исхрана „Блупринт“ и неговото движење „Don’t die“ што во превод значи „не умирај“.

За себе тврди дека е „најмерениот човек до сега“, алудирајќи на фактот дека тим доктори постојано ги следат и мерат еден куп биомаркери, од неговиот притисок, составот на крвта, шеќерот….Неговата цел е да го намали индексот на стареење колку е можно.

Во диетата на Џонсон нема месо, туку шитаке печурки, црна леќа и многу брокула. Тој исто така пие многу суплементи, редовно вежба и прави 18-часовен пост секој ден.

„Blueprint“ нуди и комерцијални услуги, вклучувајќи тестови за биомаркери кои мерат различни аспекти на здравјето, како што се метаболичката функција, хормоналниот баланс и воспалителните процеси. Овие тестови се достапни за купување и вклучуваат анализа на над 100 биомаркери, со цел да се добие детален увид во здравствената состојба на поединецот. 

Научниците се поделени за методата на „Блупринт“, но таа привлекува внимание во јавноста.

 

Поврзани содржини